Акцијата била спроведена во периодот од 09:00 до 12:00 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје, согласно планот за активности на пријавно-одјавната служба за месец јуни.
Како што информираат од МВР, приведени се лицата М.Е.С. (19), П.С. (23), Ј.С. (19), Д.Г. (25) и Б.Т.Б. (20), сите од Република Турција.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.






