среда, 10 јуни 2026

Меси влезе и веднаш подели маестрална асистенција (ВИДЕО)

Аргентина ноќеска ја имаше генералката пред Светското првенство, го победи Исланд со убедливи 3-0, а Меси и овојпат имаше забележителен настап.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Резултатот беше отворен уште во осмата минута, а стрелец на голот беше Барко за водство на Аргентина од 1-0.

Меси мечот го почна од клупата и во игра влезе дури во 70. минута. А веднаш, со својот прв допир на топката асистираше фантастично по што беше направен пенал.

Тој ја изведе најстрогата казна и постигна гол од белата точка за водство на Аргентина од 2-0.

Конечните 3-0 ги постави Алмада со погодок во 86. минута.

Аргентина првиот натпревар на Светското првенство го игра на 17. јуни со почеток од 3 часот после полноќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ