вторник, 9 јуни 2026
Реакција

Јакимовски: Осуден сум политички, затоа што им пречам пак да се кандидирам за градоначалник

Вонредна прес-конференција одржува поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, откако Основниот кривичен суд му изрече затворска казна.

Објавено на

часот

Сподели

Јакимовски изјави дека пресудата ја смета за политички мотивирана и дека е осуден не затоа што сторил кривично дело или ја злоупотребил службената положба, туку поради, како што рече, политички причини.

„Осуден сум политички. Не затоа што сум направил кривично дело или сум ја злоупотребил својата положба и овластувања, туку затоа што на некого му пречам“, изјави Јакимовски.

Тој посочи дека предметот се однесува на две бараки поставени во дворот на Основното училиште „Лазо Трповски“, за кои тврди дека претставуваат времени објекти.

Според него, станува збор за конструкции изработени од гипс-картон и челична конструкција, кои можат да бидат демонтирани и преместени на друга локација, поради што не можат да се третираат како трајни градби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ