вторник, 9 јуни 2026

Почнува Арена Спорт Македонија – врвните спортски натпревари на македонски јазик

Регионалниот спортски телевизиски гигант, Арена Спорт, од денеска добива и македонска верзија, почна со работа Арена Спорт Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Програмата во живо ќе почне во четврток со стартот на Светското фудбалско првенство, дотогаш на каналите на Арена Спорт Македонија ќе се емитуваат документарни серијали за претстојниот Мундијал и снимки од постари натпревари.

Арена Спорт Македонија за почеток ќе има три канали, тие ќе го добијат местото на досегашните Арена Премиум 1, 2 и 3. Останатите канали на Арена ќе останат и понатаму да се емитуваат.

Тимот на коментатори го сочинуваат искусни и познати лица на македонската јавност, овојпат собрани на едно место, во една телевизија која ќе ги емитува сите врвни спортски натпреварувања кои ќе бидат интересни за нашата публика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ