Во несреќата учествувале шкода со светиниколски регистарски ознаки, управувана од Т.Д. (41) од Свети Николе, и фолксваген со кочански регистарски ознаки, управуван од И.А. (47) од село Облешево, општина Чешиново-Облешево.
Од возилото шкода, со тешки телесни повреди се здобила 68-годишната сопатничка М.М., додека со телесни повреди се здобил и другиот сопатник Д.М. (67), двајцата од Свети Николе. Повредите се констатирани во Клиничка болница Штип.
На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.






