вторник, 9 јуни 2026

УЕФА го казни Вардар со 250.000 евра и три години условна

Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски потврди дека клубот добил казна од УЕФА од 250.000 евра поради лошо финансиско работење за сезоната 2023/24.

Објавено на

часот

Сподели

Во изминатите десет месеци УЕФА правела ревизија во документацијата на Вардар и открила финансиски малверзации во минатите сезони.

„За сезоната 23/24 Вардар е казнет со 250.000 евра од УЕФА и условна казна од три години да не се повтори делото. Поради двојни договори и фалсификати направени во таа сезона. УЕФА правеше 10 месеци ревизија во Вардар во изминатиот период“, кажа Неделковски на денешниот брифинг.

Неделковски кажа дека случајот со двојните договори со фудбалери и фалсификувани документи е пријавен и до надлежните институции, односно е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство (ОЈО). Неправилностите во клубот се утврдени пред доаѓањето на новиот сопственик на Вардар.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ