Уште пред официјалното пристигнување на пазарите, новиот БМВ и-икс3 веќе доби значајно меѓународно признание, освојувајќи ги титулите „Светски автомобил на годината 2026“ и „Светско електрично возило 2026“, доделени во април 2026 година на Меѓународниот автомобилски саем во Њујорк, потврдувајќи ја неговата позиција како модел кој поставува нови стандарди во електричната мобилност.

„Новиот БМВ и-икс3 не е само нов модел, туку симбол на трансформацијата на БМВ кон иднината. Тој ја претставува Новата класа – новата платформа на БМВ која комбинира врвна електрична технологија, сосема ново ниво на дигитализација и препознатлива БМВ динамика при возењето. Новата класа ќе биде основа за повеќе од 40 нови модели и технолошки унапредувања до 2027 година, означувајќи ја најголемата технолошка трансформација во историјата на германската марка. Но без разлика на промените, едно нешто останува исто: БМВ секогаш ќе биде синоним за „задоволство при возењето“, изјави Билјана Колемишевска, одговорна за маркетинг комуникации и односи со јавноста во компанијата М Кар.

Со новиот и-икс3, БМВ отвора ново поглавје во иднината на мобилноста, дигиталното корисничко искуство, одржливоста и динамиката при возење. Како прв модел од Новата класа, БМВ и-икс3 носи целосно нов дизајнерски јазик, интелигентни софтвери и шестата генерација на е-драјв технологијата на БМВ.
Новиот БМВ и-икс3 е придвижуван од напредна електрична архитектура базирана на систем од 800 волти и нова генерација батерии, што овозможува поголема ефикасност, подобри перформанси и побрзо полнење, при што возилото нуди електричен досег до 805 километри според ВМТП, а благодарение на можноста за полнење до 400 киловати за само 10 минути може да обезбеди досег до 372 километри.

БМВ и-икс3 носи и целосно нов визуелен идентитет, со прочистен и минималистички дизајн, нагласени површини и монолитен изглед кој ја истакнува неговата технолошка природа. Вертикалната решетка со култните „бубрези“, новата светлосна графика и модерните пропорции создаваат впечатлива комбинација на елеганција, динамика и препознатлив БМВ карактер, додека во внатрешноста воведува ново ниво на интеракција преку панорамски ај-драјв и опертивниот систем Икс, овозможувајќи поинтуитивно користење, персонализација и поставување на информациите директно во природната линија на погледот на возачот.

Една од најзначајните технолошки новини кај БМВ и-икс3 е новата електронска архитектура базирана на четири високо-перформансни компјутери – „супермозоци“. Наместо голем број поединечни контролни единици, овие четири централни компјутери управуваат со возењето, инфозабавата, системите за асистенција и клучните функции на возилото, со што БМВ и-икс3 станува возило базирано на централизирана софтверска архитектура и приближно 20 пати поголема компјутерска моќ во споредба со претходните генерации.

Дополнително, БМВ го воведува и новиот систем „Срце на задоволството“, централен компјутер за возна динамика, кој компанијата го опишува како „централен нервен систем“ на возењето и кој ги обединува клучните функции во еден централен „мозок“, овозможувајќи побрзи реакции, подобра координација меѓу системите, попрецизно управување, поефикасна регенерација и поглатко чувство при возење. Развиен специјално за електрични возила, „Срце на задоволството“ работи до 10 пати побрзо од претходните решенија и претставува една од најголемите технолошки промени што БМВ ги воведува во последните две децении.

Покрај технолошките иновации, БМВ и-икс3 поставува и нови стандарди во одржливоста. Производството е насочено кон циркуларна економија, намалување на емисиите на јаглерод диоксид и зголемена употреба на секундарни и рециклирани материјали, додека фабриката во Дебрецен ќе функционира без употреба на фосилни горива во нормални услови на работа.
Новиот БМВ и-икс3 50 икс-драјв е веќе достапен во продажба на македонскиот пазар со почетна цена од 79.860 евра, порачуваат од М Кар.






