Како што пренесува словенечката СТА, истражувачите пронашле остатоци од зграда со полукружен влез, изградена од песочник, за која веруваат дека служела како работилница.
На ова укажуваат стопените бронзени предмети – нараквици, прстени, копчиња и метални фрагменти – кои сведочат дека тогашните жители рециклирале накит за да направат нови предмети.
Пронајдени се и римски и келтски монети и луксузна римска грнчарија, што потврдува дека жителите на населбата одржувале трговски односи со Римјаните и постепено ја прифаќале нивната култура.
Железното доба во Европа траело приближно од 1200 година п.н.е. до почетокот на нашата ера, односно до римските освојувања.





