вторник, 7 јули 2026

Роналдо: Освоив Европско, тоа е исто како Светско првенство

Португалија синоќа беше елиминирана од Светското првенство откако загуби од Шпанија со 1-0, ваквиот исход значи дека Кристијано Роналдо ќе ја заврши кариерата без освоен Мундијал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По натпреварот тој самиот себеси се тешеше давајќи иста тежина на Европското и Светското првенство.

„Го освоив ЕВРО 2016 и според мене тоа е иста димензија како Светско првенство. Тоа останува засекогаш“, вели Роналдо.

„Утре ќе се разбудам со исто расположение како денеска. Го дадов најдоброто. Освоив три титули со Португалија, пред мене репрезентацијата имаше нула титули. Можам само да бидам среќен“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ