На Комитетот беше потврдено успешното завршување на тендерската постапка, како и информацијата за склучување на договорот со најповолниот понудувач за испорака и инсталација на новиот едношалтерски систем НЕС.
Според договорот, избраниот конзорциум има обврска до крајот на 2027 година да го операционализира системот и да го стави во функција. Овој софтвер подразбира дека во иднина сите дозволи за увоз, извоз и транзит, како и плаќањето, ќе се одвива по електронски пат на една точка.
Целта на реформата е да ја олесни трговијата преку рационализација на процесите при апликација и издавање дозволи, да се постигне размена на податоци меѓу сите инститиуции на национално ниво, подобра соработка, како и координирани активности во рамките на овој систем.
„Република Македонија е дел од проектот за олеснување на транспортот и трговијата во земјите од Западен Балкан, каде што една од компонентите е имплементацијатa и на овој Национален едношалтерски систем, што подразбира целосна замена на тековниот систем за управување со дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки со нов систем“, се вели во соопштението од Министерството за транспорт.





