Според државната новинска агенција АНА-МПА, откако членови на семејството на девојката не можеле да стапат во контакт со неа, нејзино блиско лице се качило на вториот кат од зградата и влегло во станот преку балконската врата, каде што ја пронашло 24-годишната без знаци на живот.
На местото бил повикан лекар од судска медицина, кој при надворешниот преглед на телото не забележал траги што би укажувале на кривично дело.
По обдукција на телото ќе се утврдат точните околности и причините за смртта.





