Селекторот Роберто Мартинез по натпреварот потврди дека заминува од селекторската позиција.
„Ова е крај на еден циклус. Важно е националниот тим да добие нов селектор и сосема е легитимно претседателот на Федерацијата да избере човек на кого му верува. Благодарен сум за целата поддршка што ја добив“, рече Мартинез.
Португалските медиуми пишуваат дека нов селектор ќе биде искусниот Жорге Жесус.





