Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен вчера во 15:52 часот во СВР Битола, дека при слетувањето со параглајдер во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б. од САД се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола.
„На 5 јули 2026 во 15:52 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на с.Породин, битолско, во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б. од САД, при слетување со параглајдер, се здобил со тешки телесни повреди. Ф.Б. со возило на Итна медицинска помош Битола е пренесен во Клиничката болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди“, пишува во соопштението.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.






