Француската репрезентација е најголем фаворит за освојување на светската титула, покажуваат пресметките на аналитичарите од платформата Football Meets Data. Според овој извор, шансите на Франција да го подигне трофејот изнесуваат 26 проценти, што е повеќе од останатите екипи во турнирот.
Бранителот на титулата Аргентина има 13 отсто шанси за нов триумф, додека европскиот првак Шпанија е на четвртото место со 12 проценти. Англија, која пред почетокот на првенството не беше во најтесниот круг фаворити, сега е на второто место со 19 отсто шанси.
Што ги чека фаворитите? Франција во четвртфиналето игра против Мароко, додека Англија ќе се сретне со Норвешка. Аргентина и Шпанија имаат натпревари во осминафиналето. Аргентина игра против Египет, а Шпанците ги очекува Португалија.






