„Признанието беше доделено на фестивалот што се одржа од 27 јуни до 3 јули, а за наградите одлучуваше петчлено жири составено од режисерите Магдалена Лазаркјевич и Ксавери Жулавски, актерите Анджеј Хира и Каролина Грушка и продуцентот Војчех Гостомчик“, соопшти продукцијата „Црна мачка“
Во образложението, жирито ја истакнало „длабоко трогателната изведба“ на Костиќ, оценувајќи дека таа со „извонредна чувствителност и храброст“ го води ликот низ искуствата на траума, осаменост, отуѓеност, срам и страв.
„Преку воздржана, но експресивна глума, таа ја пренесува длабочината на страдањето на Сара, откривајќи ја нејзината ранливост и внатрешна сила. Тоа е изведба што ѝ пристапува на една исклучително тешка тема со емпатија и достоинство, оставајќи траен впечаток долго по завршувањето на филмот“, се наведува во одлуката на жирито.
Филмот „17“ беше прикажан во главната натпреварувачка програма „ON AIR Competition“, која е наменета за први и втори режисерски остварувања. Во конкуренцијата учествуваа уште 11 филмови од повеќе земји.
По настапот на ТОФИФЕСТ, фестивалската турнеја на „17“ продолжува со учество на 43. Jerusalem Film Festival и на 16. Atlàntida Mallorca Film Fest.






