Мароко одигра меч со две сосема различни полувремиња. Во првиот дел Африканците беа во подредена улога, Канада беше поактивна и поопасна, но работите се променија во вториот дел.
По само пет минути игра во второто полувреме, по асистенција од Хакими, Унахи даде гол за водство на Мароко од 1-0.
Откако беше отворен натпреварот, Канада тргна офанзивно кон израмнување, а Мароко чекаше од контри да го реши прашањето за победникот на овој натпревар.
Таква контра се случи во 82. минута по која Унахи постигна и втор гол за водство од 2-0 за Мароко, но тоа не беше конечниот резултат.
Пред последниот судиски свиреж Мароко постигна уште еден гол, погоди Рахими за конечни 3-0.
Мароко во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Франција и Парагвај.






