Најголемиот успех го постигна групната кореографија „Trisch Trasch Polka“, која ја освои титулата Светски шампион, освојувајќи го првото место во својата категорија. Кореограф на оваа победничка кореографија е Дора Пајдакова – студент на Факултетот за музичка уметност, на Катедрата за балетска педагогија – класичен балет.
Во победничката кореографија настапија младите балерини Миа Пеновска, Искра Ивановска, Мила Андовска, Александра Глигоровска, Марија Ќирова, Лидија Зафирова, Лана Зврцинова и Ива Ѓеоргиева, кои со својата прецизност, сценска енергија и уметнички израз успеаја да го освојат меѓународното жири и да ја донесат светската титула во Македонија.
Балетско студио „Анабела“ оствари одлични резултати и во останатите категории, потврдувајќи дека студиото со години претставува еден од најуспешните балетски групи во земјата. На Светскиот куп настапија и се натпреваруваа Катја Димова, Јана Јовановска, Илина Цветковска, Калина Темелковска, Марија Петрова, Тамара Костадинова, Бојана Миткова, Михаела Кицевски и Викторија Ѓошов, кои со своите настапи достојно ги бранеа боите на Македонија и придонесоа за уште еден успешен настап на студиото на меѓународната сцена.

Голема заслуга за континуираниот развој и успесите на студиото има и Цеца Пајдакова, раководител на балетското студио „Анабела“, која со години успешно создава генерации млади танчери што освојуваат награди на домашни и меѓународни натпревари.






