Најмногу приведени имало во Гостивар, каде што биле затекнати пет лица, од кои едното е малолетно, а едно претходно учествувало во сообраќајна незгода. Во Скопје биле приведени четири лица, во Кичево две, од кои едното е малолетник, а по едно лице било лишено од слобода во тетовско, Кривогаштани, Прилеп и Битола.
Покрај возачите без дозвола, полицијата привела и едно лице во Делчево кое управувало возило под дејство на алкохол, како и по едно лице во Кичево и Кавадарци кои возеле и покрај изречената забрана за управување со моторно возило.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Воедно, Министерството повторно апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не седнуваат зад волан без положен возачки испит, доколку им е изречена забрана за управување или ако се под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.






