петок, 3 јули 2026

Сообраќајна несреќа во Штип: тешко повредена 43-годишна жена

Вчера во 16:00 часот во СВР Штип е пријавена сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат село Крупиште – Пробиштип, во близина на клучката со експресниот пат Штип – Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата патничко возило „опел корса“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 43-годишната К.П. од село Ангелци, општина Василево, изгубило контрола и излетало од коловозот.

Возачката се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Штип.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ