петок, 3 јули 2026

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска

Од Институтот за национална историја информираа дека денеска, по кратко боледување, починала, проф. д-р Катерина Мирчевска.

Објавено на

часот

Сподели

Од Институтот велат дека проф. д-р Катерина Мирчевска била долгогодишен научен советник во Институтот за национална историја, „посветен истражувач и врвен професионалец, која со својата научна работа, човечка доблест и колегијалност остави длабока и неизбришлива трага во македонската историографија и во животот на Институтот“.

„Нејзиниот богат научен опус, професионален интегритет и искрена посветеност кон науката ќе останат трајно сведоштво за нејзиниот придонес во развојот на историската наука во Македонија. Институтот за национална историја изразува искрено и длабоко сочувство до нејзиното семејство, роднините, пријателите и сите што имаа чест да соработуваат со неа“, објавија од Институтот за национална историја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ