„Финска ја укина забраната за прием на нуклеарно оружје на своја територија. Што менува тоа за Финците? Само една мала работа: нивната земја сега е на списокот на руски нуклеарни цели. Радувај се, Финска, го достигна врвот на безбедноста!“, напиша Медведев на социјалната мрежа Икс.
Finland has lifted its ban on hosting nuclear weapons. What does that change for the Finns? Just one minor thing: their country is now on Russia’s nuclear target list. Rejoice, Finland, you’ve reached peak security!
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) July 2, 2026
Финскиот претседател Александар Стуб минатата недела потпиша измени на Законот за нуклеарна енергија со кои се дозволува увоз, транзит и транспорт на нуклеарно оружје низ финската територија. Законот стапи на сила на 1 јули. Со него се укинуваат претходните ограничувања за ваквите активности, а финското законодавство е прилагодено на новата безбедносна средина по пристапувањето на земјата во НАТО.
Финската влада соопшти дека промените имаат за цел зајакнување на капацитетите за одвраќање на НАТО во услови на влошување на безбедносната состојба во Европа и целосната инвазија на Русија врз Украина.
Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен претходно изјави дека новите правила ќе ѝ овозможат на Финска целосно да го искористи нуклеарниот чадор на НАТО за заштита на земјата, нагласувајќи дека Хелсинки нема планови за распоредување нуклеарно оружје на своја територија.
Претседателот Стуб, исто така, го зазеде истиот став, наведувајќи дека Финска сака да биде полноправна членка на НАТО без никакви ограничувања, но дека нема намера да стационира сојузничко нуклеарно оружје на своја територија.






