Надзорните камери на ОН забележале како мажот го поставува знамето, а потоа се самозапалува. Тој во критична состојба бил пренесен во болницата Белви. Полицијата започнала истрага за инцидентот. На местото на настанот биле пронајдени и листови хартија на кои, наводно, била испишана пораката: „Кина, надвор од Тибет“. Знамето останало на тротоарот околу еден час по инцидентот, пред да биде отстрането.
A man set himself on fire outside the UN headquarters in New York. pic.twitter.com/4eIe7EEsdT
— Open Source Intel (@Osint613) July 3, 2026
Историскиот спор околу Тибет
Знамето што го истакнал човекот е симбол на неуспешното востание против кинеската власт во 1959 година. По пропаѓањето на тоа востание, во северна Индија беа основани тибетски парламент и влада во егзил.
Кина не ја признава оваа администрација и инсистира дека Тибет е дел од Кина од 13 век. Пекинг ја презеде контролата врз регионот во 1951 година, што го опишува како „мирно ослободување“. Од друга страна, Далај Лама тврди дека Тибет бил независна држава во времето на влегувањето на Кинеската народноослободителна армија.






