петок, 3 јули 2026

Швајцарија го мина Алжир за осминафинале на Светското првенство (ВИДЕО)

Селекцијата на Швајцарија обезбеди билет за осминафиналето на Мундијалот откако рутински со 2-0 славеше над Алжир и се пласираше меѓу 16-те најдобри репрезентации во светот.

Објавено на

часот

Сподели

Швајцарците покажаа поголема снаодливост на теренот, максимално ги реализираа своите можности и заслужено стигнаа до овој исклучително важен триумф.

Натпреварот започна одлично за Швајцарија, која поведе уште во 10. минута. Мензамби испрати одлична асистенција до Емболо, кој прецизно погоди за почетно водство од 1-0.

До крајот на првиот дел и двете репрезентации креираа неколку опасни ситуации пред противничките голови, но мрежите мируваа, па Швајцарците заминаа на пауза со минимална предност.

Сличен шок за Алжир се случи и на самиот старт од второто полувреме. Течеа првите секунди кога швајцарскиот тим ја искористи кардиналната грешка на алжирската одбрана, а Ендоје ја дуплираше предноста на 2-0.

До последниот судиски свиреж фудбалерите на Алжир се обидуваа на секој начин да се вратат во игра, но Швајцарија тактички ја сочува предноста и се израдува на големиот успех.

Предизвик за Швајцарија во осминафиналната рунда ќе биде победникот од пресметката помеѓу селекциите на Колумбија и Гана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ