Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 26 до 34 степени. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (наместа над 60 км/ч).






