Напаѓачите најпрво го претепале, а потоа едно од лицата го избодело со нож седум пати во пределот на грбот. По нападот, момчето било оставено без свест, сè додека случаен минувач не го пронашол и не повикал Итна помош и полиција.
Повредениот малолетник бил итно пренесен во Ургентниот центар, каде што бил опериран. Семејството бара брзо расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.
Од МВР потврдуваат дека случајот е пријавен и дека се преземаат мерки за негово расчистување.
„На 22.06.2026 околу 23:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, малолетник бил физички нападнат од три лица, од кои едното му нанело повреда со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.






