четврток, 2 јули 2026

Шасивари, Ферати и Сулејмани ќе раководат со трите нови министерства, соопшти Влен

По вчерашната седница на Претседателството на Влен, донесена е одлука претставници на коалицијата во Владата да бидат личности кои носат нова енергија, одговорност и посветеност во служба на граѓаните, се наведува во соопштението од Влен.

Објавено на

часот

Сподели

За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Џетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани.

Во новиот владин состав продолжуваат да ги извршуваат своите функции Беким Сали како прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Бесар Дурмиши како министер за економија и труд, како и Мухамет Хоџа како министер за животна средина и просторно планирање.

Влен решително продолжува по патот на промените, носејќи нова енергија, професионални кадри и одговорен пристап кон владеењето.

Со овој тим, Влен вели дека повторно ја потврдува својата посветеност на реформите, развојот и достоинственото застапување на интересите на граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ