среда, 1 јули 2026

Трагедија кај Мрежичко, возач загина откако камион се преврте во провалија

Во СВР Велес е пријавено дека околу 13:00 часот, во близина на село Мрежичко, кавадаречко, при истовар на земја од товарно возило „ман“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.К. (56) од Кавадарци, возилото се превртело и паднало во провалија.

Архивска фотографија

Објавено на

часот

Сподели

Од здобиените повреди, возачот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци.

На терен интервенирале алпинистички тим од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, полициски службеници од ОВР Кавадарци и Територијалната противпожарна единица Кавадарци, кои го извлекле телото на починатиот и возилото од провалијата.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ