Според информациите, на 29.06.2026 околу 09:30 часот, велосипед управуван од 39-годишната К.Р.С. од Струга удрил во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, паркирано од И.М. (71) од село Мислешево.
Повредената е пренесена и ѝ се констатирани тешки телесни повреди во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа.






