среда, 1 јули 2026

Пожар во Антверпен: Шест лица загинаа, стотици се евакуирани (ВИДЕО)

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе се тешко повредени во пожар кој избувна во станбена зграда во белгискиот град Антверпен. Спасувачките екипи сè уште ја пребаруваат зградата, пренесува РТС.

Фото: Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Противпожарната служба добила повик кратко пред десет часот наутро дека пожар зафатил десеткатна зграда во населбата Линкеровер, на левиот брег на реката Шелда.

Полицијата потврди дека пожарот избувнал на приземјето од зградата, како и дека точната причина засега не е позната.

Во зградата која беше евакуирана живеат повеќе од 200 лица, соопшти полицијата, додавајќи дека неколку лица се повредени.

Неколку противпожарни бригади од различни области се на местото на настанот, како и амбулантни возила и други екипи за итни интервенции.

„Сè уште работиме на гаснење на пожарот и бараме потенцијални жртви. Ова е многу голема операција за гаснење пожар. Моментално се распоредени повеќе од десет противпожарни возила“, соопшти противпожарната служба во Антверпен.

Пожарникарите ги молат жителите на околните згради да ги држат прозорците и вратите затворени поради чадот.

На местото на несреќата се наоѓа и градоначалничката на Антверпен, Елс ван Дусбург.

Белгија беше погодена од неколку големи пожари во последните недели, вклучувајќи и еден во магацин во Брисел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ