среда, 1 јули 2026

Иран се закани со одмазда по провокации од израелскиот министер за одбрана

Иран моментално и енергично ќе одговори на секоја закана насочена против неговиот народ или раководство, објави иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи денес на социјалната мрежа Икс. Неговото соопштение доаѓа како одговор на изјавите на израелскиот министер за одбрана Израел Кац, пишува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Соопштението на Аракчи е реакција на коментарот на израелскиот министер за одбрана дека врховниот лидер на Иран Моџтаба Хамнеи е легитимна цел. „Американскиот претседател ги обврза Соединетите Американски Држави да ги ограничат своите миленичиња во Тел Авив. Ако не го послушаат својот господар, Иран ќе ги опамети“, кажа Аракчи.

Во меѓувреме, САД и Иран одржале технички разговори во Доха во среда, потврдиле извор запознаен со состанокот и ирански функционер. Целта на разговорите е да се постигне договор за протокот на бродски сообраќај низ Ормускиот теснец и да се обезбеди траен прекин на огнот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ