среда, 1 јули 2026

Холандија по елиминацијата од СП остана без селектор

Неуспехот на Холандија на Светското првенство доби и официјална последица, откако Роналд Куман поднесе оставка од селекторската функција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Лалињата“ беа елиминирани уште во шеснаесетфиналето, каде по изведувањето пенали загубија од Мароко. Раното заминување од Мундијалот предизвика големо разочарување кај холандската јавност.

Куман ја презеде одговорноста за неуспешниот настап и реши да се повлече од кормилото на националниот тим, иако Холандија на турнирот отпатува со високи амбиции.

Холандската фудбалска федерација сега ќе започне потрага по негов наследник, а засега нема информации кој е најсериозен кандидат за селекторската позиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ