среда, 1 јули 2026

Го фатиле додека фрла вреќи со ѓубре во реката Пена

Полициски службениците лишиле од слобода тетовец кој фрлал вреќи со отпад во реката Пена, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 18:00 часот на улица ‘Љубо Божиновски Пиш’ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.С. (54) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘загадување на животната средина и природата’ казниво по член 218 од КЗ. По претходно објавено видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како лице кое дошло со патничко возило цитроен со тетовски регистарски ознаки, фрла вреќи со непознат отпаден материјал во реката Пена, во близина на ул. ‘Видоје Смилевски- Бато’, СВР Тетово презеде соодветни мерки и активности и го пронајде сторителот, кој во службен разговор го призна делото“, посочуваат од Министерството.

Од МВР информираат дека известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ