среда, 1 јули 2026

Самарџиски ѝ се приклучи на младинската репрезентација, ќе им помага на талентите

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Предраг Самарџиски, доби функција во младинската репрезентација која ова лето ќе настапи на Европското првенство „Б Дивизија“ кое ќе се одржи од 10 до 19 јули во Братислава.

Објавено на

часот

Сподели

Самарџиски ќе биде дел од стручниот штаб на македонската репрезентација до 20 години, тој од вчера се приклучи на селекцијата.

Поранешниот стартен центар на сите репрезентативни селекции на Македонија ја заврши играчката кариера во 2023 година, а по кратката пауза одлучи своето богато кошаркарско искуство да го пренесе во тренерските води.

Во изминатиот период Самарџиски работеше во Кина, каде стекнуваше нови тренерски искуства.

„Неговото знаење стекнато низ долгогодишната играчка кариера, но и новите тренерски предизвици, ќе бидат дополнителна вредност за младите кошаркари кои се подготвуваат за европскиот предизвик во Братислава.

Самарџиски, кој беше дел од една од најуспешните генерации во македонската репрезентативна историја, сега има нова задача – да им помогне на младите таленти да го направат следниот чекор во своите кариери“, велат од Македонската кошаркарска федерација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ