Мексиканците имаат четири победи од исто толку натпревари на Светското првенство. Досега ги оправдаа сите очекувања на своите навивачи.
Утрово постигнаа два прекрасни гола и дојдоа до триумф кој ги однесе чекор понатаму на Мундијалот.
Резултатот го отвори Кињонес во 22. минута, претрча половина терен, влезе во идеална позиција, шутираше моќно и донесе водство за Мексико од 1-0.
Само девет минути подоцна Раул Хименез мајсторски ја смести топката во мрежата на Еквадор за 2-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.
Пред самиот крај на мечот се случи црвен картон поради прикривање на устата. Го доби Енкапије од Еквадор.
Мексико во осминафиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Англија и Конго.






