среда, 1 јули 2026

Курти: Членството во ЕУ е цел и иднина на Косово

Вршителот на должноста премиер на Косово Аљбин Курти изјави за време на средбата со директорката за проширување и соседска политика на Европската Унија за Западен Балкан Валентина Суперти дека членството во ЕУ е цел и иднината на Косово.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти владата, Курти изјави дека со поддршката на Европската Унија, Косово станало „инклузивна демократија која ги промовира европските вредности, што се докажува со големата поддршка за ЕУ“.

„Во овој контекст, премиерот нагласи дека на волјата на народот на Косово за членство мора да се одговори со волја за прифаќање од страна на Европската Унија, нагласувајќи ја важноста од доделување статус на земја кандидат и отворање преговори за пристапување“, се наведува во соопштението.

Според него, Косово е водечка во индексите кои ги мерат „владеењето на правото, борбата против корупцијата, политичките права, граѓанските слободи, како и изборните индекси“.

Курти, се додава соопштението, го истакна и континуираниот напредок во исполнувањето на европските реформи, целосното усогласување со надворешната и безбедносна политика на Европската Унија, како и економскиот развој.

Покрај активностите и реформите во рамките на процесот на пристапување кон ЕУ, премиерот зборуваше и за регионалната соработка и важноста од спроведувањето на договорите постигнати во Берлинскиот процес, со акцент на договорот за слободно движење со лични карти, кој Босна и Херцеговина сè уште не го ратификувала, како и договорот за признавање на дипломи.

Директорката Суперти ја прими и вршителката на должноста претседателка на Косово, Аљбуљена Хаџиу, која исто така ја нагласи потребата од доделување кандидатски статус за членство во ЕУ на Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ