среда, 1 јули 2026

Нетанјаху го посети окупираниот југ на Либан, порача дека Израел нема да се повлече

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес ја посети либанската територија окупирана од израелската војска, порачувајќи им на војниците дека Израел нема да се повлече оттаму сè додека Хезболах претставува закана.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова е прва посета на Нетанјаху на окупираната територија во јужен Либан откако израелската и либанската влада постигнаа договор за безбедност со посредство на Соединетите Американски Држави минатиот петок, според кој Израел треба да предаде две области на либанската војска.

„Нашиот став е дека нема да се повлечеме од јужен Либан сè додека заканата не се отстрани“, им кажа Нетанјаху на војниците, според соопштението објавено од неговиот кабинет, мислејќи на Хезболах.

„И сè додека Хезболах е присутен тука, вооружен и ни се заканува, ние исто така ќе останеме тука“, кажа тој, а пренесува Ројтерс.

Нетанјаху, кој последен пат јавно ја посети окупираната територија во Либан во април, беше придружуван од министерот за одбрана Израел Кац и високи воени функционери.

Според договорот за безбедност посредуван од САД, израелските сили треба да се повлечат од двете „пилот зони“ и да ѝ дозволат на либанската војска да ја преземе контролата врз тие области. Објавени се малку детали за тоа како проектот ќе функционира во пракса.

Израел го нападна Либан откако Хезболах го нападна на 2 март, како одговор на агресијата на САД и Израел врз Иран на 28 февруари, предизвикувајќи регионална војна во која загинаа илјадници луѓе, главно во Иран и Либан, но и и во Персискиот Залив и Израел.

Израелската армија формираше „тампон зона“ околу 10 километри длабоко во Либан по целата израелска граница. Израелските власти велат дека зоната е неопходна за заштита на северните израелски заедници од нападите на Хезболах.

Војската го принуди локалното либанско население да ги напушти своите домови и изврши напади врз селата, уништувајќи ги нивните домови. Војската вели дека уништува инфраструктура, вклучително и подземни тунели, кои ги користи Хезболах.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ