„Решавањето на тајванското прашање и остварувањето на целосното обединување на Кина е историска мисија и непоколеблива обврска на Комунистичката партија на Кина“, изјави Си.
Си, кој воедно е и генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, најави преземање „решителни мерки“ против сепаратистите што се залагаат за независност на Тајван, како и спротивставување на странското мешање со цел да се промовира националното обединување.
Пекинг го смета Тајван за „отцепена покраина“, додека властите во Тајпеј инсистираат на својата независност.
Кинескиот претседател истакна дека промовирањето на долгорочниот просперитет и стабилност во Хонг Конг и Макао е од клучно значење за остварувањето на националната преродба.
Тој повика и на решителна заштита на суверенитетот, безбедноста и развојните интереси на Кина, нагласувајќи ја важноста од одржување на апсолутното водство на Комунистичката партија над Народноослободителната армија.






