„Некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти. Внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – сè во исти раце. Само се вртат столчиња за да се создаде впечаток дека нешто се менува. Ова е тактиката на Мицкоски, кога економијата е во колапс, кога буџетот е празен, кога нема пари ни за пензии, кога европскиот пат е блокиран – тогаш се прави „реконструкција“ за да се одвлече вниманието. Ниту една сериозна реформа не е направена. Ниту еден крупен проблем што ги мачи граѓаните не е решен. Само се прераспределуваат министерски фотелји меѓу истите луѓе и нивните сателити. Мицкоски само го префарба истиот криминален систем, за да може уште некое време да го одржува на власт“, велат од СДСМ.
Реконструкцијата на Владата за СДСМ не е ова никаква промена туку признание дека „досегашната Влада е неуспешна, но наместо да се признае одговорноста, се прави уште еден круг на театар“.
„Граѓаните не сакаат старо-нови имиња на старо-нови позиции. Тие сакаат резултати. А резултати нема, ниту ќе има, додека на чело на државата е истата организирана криминална група. Во секој случај, нè очекуваат предвремени избори. Пари нема, па и оваа претстава ќе трае кратко“, категорични се од СДСМ.






