четврток, 2 јули 2026

Познато е колку БиХ заработи од настапот на Мундијалот

Босна и Херцеговина го заврши настапот на Мундијалот откако со 0:2 беше поразена од домашната селекција на САД, но Босанците може да бидат горди на настапот на големиот турнир.

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина го заврши учеството на Светското првенство по поразот од 0:2 против домаќинот САД во шеснаестина финалето. Головите ги постигнаа Фоларин Балогун во 45. минута и Малик Тилман во 82. минута.

ФИФА на секој национален сојуз чиј тим ќе се пласира во шеснаестина финалето му обезбедува премија од 11 милиони долари. Ова доаѓа како додаток на 10-те милиони долари кои се гарантирани за пласман на турнирот, плус 2,5 милиони долари за подготвителни трошоци.

Вкупната заработка на Босна и Херцеговина на СП изнесува 23,5 милиони долари. Доколку тимот го совладаше САД, би заработил дополнителни 4 милиони долари за осминафинале, но тоа не се случи.

Износот го потврдува системот на распределба на ФИФА, според кој 48-те учесници добиваат однапред исплата за учество и дополнителни бонуси за напредок во нокаут-фазата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ