четврток, 2 јули 2026
Време

Облачно со грмежи и дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со можна појава на утринска магла по одредени котлинии, а попладне нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 л/м²), грмежи, засилен ветер (над 60 км/ч) и појава на краткотрајно невреме со град. Дневните температури ќе се движат од 23 до 35 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град.

И утре ќе се задржи променливото облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 л/м²), електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и појава на град.

Потоа следува период на стабилно и сончево време. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ