По 18 литри на квадретен метар наврнаа во Зајчев Рид и во Струмица, 15 на Попова Шапка,13 во скопската населба Карпош, 12 во Претор, по 11 во Ѓорче Петров и Демир Капија, 10 во Гевгелија, 9 во Кавадарци, 8 во Велес, 7 во скопски Петровец, 5 во Тетово, и по 3 литри на квадретен метар во Виница, Маврови Анови и Ѓуриште.
Од Управата посочуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, а поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Вечерва преовладува променливо облачно време, а слаб локален дожд има во Полошкиот Регион. До крајот на денот облачноста ќе се намали и во текот на ноќта не се очекуваат врнежи. Ќе преовладува претежно ведро време, соопшти УХМР.






