среда, 1 јули 2026

Тотнем не се шегува: Во два дена потроши 216 милиони евра за два трансфера

Тотнем не штеди во летниот преоден рок и за само два дена договори два спектакуларни трансфери.

Објавено на

часот

Сподели

По договорениот трансфер на Матеуш Фернандеш за сума од околу 100 милиони евра, лондонскиот клуб го комплетираше и доаѓањето на Сандро Тонали од Њукасл во зделка вредна 116 милиони евра.

Италијанскиот репрезентативец претходно ги договори личните услови со Тотнем, па остануваше уште клубовите да постигнат конечен договор околу обештетувањето.

Во текот на денешниот ден беа договорени и последните детали, па Тонали ќе се пресели во Лондон. Тотнем ќе плати 107 милиони евра фиксно, а дополнителни девет милиони евра се предвидени преку бонуси, со што вкупната вредност на трансферот достигнува 116 милиони евра. Тоа е и новото најскапо засилување во историјата на клубот.

Само еден ден претходно, „спарси“ го договорија и трансферот на Матеуш Фернандеш за сума од околу 100 милиони евра, со што испратија јасна порака дека имаат големи амбиции пред почетокот на новата сезона. Во Тотнем се случува сериозна реконструкција, а за дефанзивата се очекува да потпишат Пол Ван Хеке од Брајтон и Марко Сенеси како слободен агент по истекот на договорот со Брајтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ