четврток, 2 јули 2026

Уште едно видео за физички пресметки на девојчиња, МВР ги најде актерките

Денеска на социјалните мрежи се појави ново вознемирувачко видео за врсничко наислство. Главни актери на видеото се најверојатно малолетни девојчиња кои со шлаканци, влечење за коса, навреди и понижување се пресметуваат со едно девојче. Десетина други врсници само гледаат и снимаат со своите телефони. Од МВР информираат дека веќе се разговарало со родителите на девојчињата од скопската населба Аеродром.

Објавено на

часот

Сподели

Жртва на ова врсничко насилство е девојче кое се извинува на колена на друго девојче. Додека добива шлаканици, насобраната група момчиња и девојчиња довикуваат, бодрат и снимаат.

Од МВР велат дека разговарале со девојчето жртва, а ги повикуваат и другите инволвирани.

„Се преземаат мерки по допрен глас за утврдување на идентитетот на лицата и за целосно расчистување на случајот. Се повикуваат сите осомничени во врска со предметниот настан, а веќе е извршен разговор со жртвата во присуство на родител и известен е јавен обвинител“, велат од МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ