Марковски го победи Максимилиан Борисов од Бугарија со 2-1 во сетови 7-6, 0-6 и 6-3. Мечот денеска се доигруваше откако вчера беше прекинат поради дождот.
Нашиот Амар Хусеиновиќ не успеа да го мине првото коло, тој загуби убедливо од шестиот носител Александер Вајс од Италија со 2-0 во сетови, 6-2 и 6-0.
Горазд Србљак го доби првиот сет против петтиот носител Стефан Поповиќ од Србија со 6:2 во гемови, но неговиот ривал беше поуспешен во следниот сет со 6:1 и изедначи на 1-1. Во решавачкиот сет Србљак поведе со 2-0 во гемови, но Поповиќ изедначи на 3-3, а до 12.гем немаше брејк и потоа на сервис на Србљак противникот успеа да направи брејк за 7-5 во гемови во решавачкиот сет.
Во текот на денот Калин Ивановски и Обрад Марковски ќе играат мечеви од второто коло.






