четврток, 2 јули 2026

Охрид го договори Јасихура, но ќе почека една година

Ракометниот клуб Охрид и јапонскиот ракометар Косуке Јасхура постигнаа договор за двегодишна соработка која ќе почне од сезоната 2027/28.

Објавено на

часот

Сподели

Јасихура одигра неколку месеци на позајмица во Охрид и веднаш се промовираше во главен ракометар на тимот. Македонскиот клуб сакаше веднаш да го ангажира перманентно, но не успеа да се договори со кувајтскиот клуб Бурган за висината на обештетувањето.

Јапонецот има уште една сезона договор со Бурган, по што како слободен играч ќе се врати во Охрид. Договорот веќе е потпишан.

„Косуке Јасухира продолжува со ГРК Охрид!
Иако управата на ГРК Охрид стори СÈ за да го задржи и оваа сезона миленикот на охридската публика, сепак успеа тоа дa го направи од сезоната 2027/2028! Косуке ќе игра за ГРК Охрид уште најмалку 2 сезони“, стои во соопштението на Охрид.

Јасихура е среќен што ќе се врати во Охрид.

„Среќен сум што само по една сезона ќе се вратам во Клубот со кој го освоив првиот Европски трофеј. Рибари и охриѓани се гледаме за кратко и заедно ќе атакуваме по уште многу титули“, изјави Јасихура.

Со овој потег Охрид потврдува дека има долгорочни амбиции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ