четврток, 2 јули 2026

Трамп: Шпанците не се баш добри членови на НАТО, наскоро ќе ја научат лекцијата (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ја критикуваше посветеноста на Шпанија на обврските кон НАТО и изјави дека Куба, по многу децении, се врти кон Соединетите Американски Држави, потсетувајќи на историјата на Шпанско-американската војна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ах, Шпанците. Тие се членови на НАТО, но не се многу добри членови на НАТО“, жа Трамп.

„Тие велат: „Не, не сакаме да им помагаме на другите луѓе“. Што правиме ние? Не се однесуваат како што треба. Наскоро ќе ја научат лекцијата, откако се откажаа од својата контрола врз Куба, Гуам и Порторико. Ние го добивме сето тоа. А кога станува збор за Куба, по многу, многу децении, таа се врти кон нас“, додаде тој.

Трамп го кажа ова потсетувајќи на приказната за Теодор Рузвелт и коњичката единица Жестоки јавачи за време на јуришот на висорамнината Сан Хуан во Шпанско-американската војна.

„Победата на Жестоките јавачи на висорамнината Сан Хуан директно доведе до колапс на шпанските линии“, кажа Трамп, додавајќи дека познатиот напад довел до предавање на шпанските сили две недели подоцна.

Трамп им кажа на присутните дека штотуку разговарал со 26-от претседател на САД, кој почина пред повеќе од 100 години.

„Дури и разговарав со Теодор Рузвелт“, кажа Трамп. „Го прашав: „Што мислите за Панамскиот канал? Дали го сметате за ваше најголемо достигнување? Како се чувствувате во врска со фактот дека демократите го дадоа Панамскиот канал на Панама за еден долар?“

Трамп всушност зборуваше за интеракција што ја имал со симулација на вештачка интелигенција на Рузвелт. На видео објавено од специјалната асистентка Марго Мартин се гледа Трамп како внимателно слуша додека лажниот Рузвелт го потсетува Трамп дека „нацијата е на прво место“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ