четврток, 2 јули 2026

БиХ е елиминирана, САД преку „змејовите“ до осминафинале (ВИДЕО)

Составот на Босна и Херцеговина го заврши својот настап на Светското првенство, откако во воведната нокаут рунда претрпе пораз од 2-0 против селекцијата на САД.

Објавено на

часот

Сподели

Американците беа далеку подобар ривал на теренот – покрај двата постигнати гола, креираа серија зрели шанси, им беа поништени уште два погодоци и ја погодија пречката, со што сосема заслужено се радуваа на триумфот.

Дефанзивниот пристап за кој се определи селекторот Сергеј Барбарез на крајот се покажа како целосно неуспешна тактика.

Резултатот беше отворен во самиот финиш од првиот дел, поточно во 45. минута, кога Балоган казни една невнимателност во противничката одбрана и ја смести топката во мрежата.

Работите за домашната селекција се комплицираа во 64. минута откако токму стрелецот Балоган заработи црвен картон, оставајќи го својот тим со фудбалер помалку на теренот.

Иако Босанците имаа сосема доволно време да ја искористат бројчената предност и да бркаат израмнување, Американците беа оние кои и со играч помалку делуваа поконкретно и поопасно.

Сите дилеми околу победникот беа решени во 82. минута, кога Тилман со прекрасен погодок од слободен удар ги постави конечните 2-0.

Во осминафиналната фаза, САД ќе ги одмери силите против селекцијата на Белгија, која претходно со многу среќа успеа да го елиминира Сенегал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ