среда, 1 јули 2026

ФТ: Сојузникот на Трамп го имитира Путин за да остане на власт во Србија

Сојузникот на Трамп Александар Вучиќ планира да се повлече од функцијата претседател на Србија и да се врати на власт како премиер по вонредните избори оваа есен, следејќи го моделот инспириран од рускиот лидер Владимир Путин, пишува Фајненшл тајмс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Британски весник наведува дека Вучиќ, „56-годишниот моќник кој владее со Србија во последните 13 години, во различни својства, се соочува со растечки протести и незадоволство поради наводните авторитарни тенденции, корупцијата и бавниот економски развој“.

Фајненшл тајмс оценува дека српскиот лидер е еден од ретките преостанати сојузници на американскиот претседател Доналд Трамп во централна и источна Европа.

Вучиќ презеде дел од реториката на движењето МАГА, критикувајќи го Брисел, независните медиуми и елитите кои, како што тврди тој, имаат поддршка од странство, а во исто време промовира конзервативни вредности како што се семејството, христијанството и спротивставувањето на родовата политика.

Исто така, се додава, Србија го отвори патот за луксузниот проект поддржан од зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, на локацијата на Министерството за одбрана на поранешна Југославија во Белград, кое НАТО го бомбардираше во 1999 година и се смета за национален споменик.

Проектот подоцна беше повлечен по јавното негодување и истрагите за наводни нерегуларности, вклучително и тврдењата дека документите биле фалсификувани за да се отстрани заштитата на споменик на културата.

Повикувајќи се на проценките на аналитичари, ФТ пишува дека Вучиќ можеби ги користи оставката и најавите за избори за да ја тестира политичката клима и дека би можел да се откаже од ветувањето да се повлече доколку смета дека тајмингот е неповолен.

„Ова не е прв пат да фрла мамка“, вели Хелена Иванов, истражувач во Здружението Хенри Џексон во Лондон.

Потсетувајќи дека пред неколку месеци Вучиќ кажа дека во јули би можеле да се одржат вонредни избори и дека би можел да се кандидира за премиер, аналитичарката заклучува дека се чини дека Вучиќ се стреми кон „сценариото на Путин“, со аргумент дека веќе го прекршил српскиот устав, во кој претседателската функција е претежно церемонијална, со тоа што продолжува да доминира во јавниот живот преку владејачката партија СНС.

„Клучната работа е што тој ја држи моќта… Во партијата и во земјата… па затоа ова не е негово попуштање на барањата на студентите. Ова е само одржување на неговата база во предизборен режим“, додава таа.

ФТ додава дека студентското движење ветило дека ќе номинира кандидати на парламентарните избори, со станува единствениот кредибилен предизвикувач на СНС.

„Стратегија со висок ризик и голема добивка би била истовремено да се одржат претседателски и парламентарни избори“, вели еден соговорник запознаен со политичката ситуација во Белград. Но, додава тој, „Вучиќ не е коцкар“.

„Опција со низок ризик би била да се одржат претседателски избори само кога ќе се обезбеди парламентарното мнозинство на СНС, а претседателската функција да се задржи барем до 2027 година“, додава соговорникот на ФТ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ