четврток, 2 јули 2026

Следуваат кривични пријави за насилството врз 12-годишно девојче во Аеродром

Во врска со случајот на насилство врз 12-годишно девојче во скопската општина Аеродром, полицијата извршила службен разговор со две малолетнички во присуство на нивните родители, а по целосното расчистување на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, на 1 јули во 19:30 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена пријавила дека нејзината 12-годишна ќерка претходната вечер, околу 22 часот, во парк во Аеродром била физички нападната од 14-годишна малолетничка.

Според пријавата, девојчето претходно било принудено во два наврати да клекне на колена и да се извинува, а кога се обидело да си замине било физички нападнато од друга малолетничка. Настанот го снимале со мобилен телефон повеќе малолетници кои биле присутни на местото.

Истиот ден во полициска станица бил извршен службен разговор со две малолетнички во присуство на нивните родители.

За случајот биле известени јавен обвинител за малолетници и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа. Полицијата презема мерки за утврдување на идентитетот на останатите инволвирани малолетници и за целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени кривични пријави за кривичните дела „насилство“ и „запуштање и малтретирање на малолетно лице“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ