Захарова верува дека секој граѓанин на ЕУ може да ја тужи претседателката на Комисијата за оваа изјава и да го добие случајот, пренесува руски ТАСС.
„Урсула е одлична лажливка. Русија никогаш не ја прекина испораката на гас за Европа“, изјави Захарова за новинарите. Според неа, Европејците сами си создале проблеми со воведување на она што таа го нарекува нелегални санкции врз Русија.
„И потоа, кога поради присилните мерки за штедење, клима-уредите во седиштето во Брисел не можат да ладат никого освен Урсула, тие лесно измислуваат уште една лажна изјава за наводно лошата Русија“, додаде Захарова.






